Псалми 37:22-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Оние кои Господ ќе ги благослови, ќе ја наследат земјата, а кои ќе ги проколне, ќе бидат истребени.

23. Господ ги води и зацврстува чекорите на добриот човек, и мил Му е неговиот пат.

24. И ако се сопне, нема да падне, зашто Господ го држи за рака.

25. Млад бев и остарев, но не видов напуштен праведник или неговите деца да просат леб.

26. Секогаш е милостив и дава на заем, благослов е врз неговото потомство.

27. Отстранувај се од злото и прави добро и ќе останеш довека.

28. Зашто Господ ја љуби правдата и Своите свети не ги остава. Засекогаш ќе бидат сочувани, ќе биде истребено потомството на безбожниците.

29. Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат довека на неа.

30. Праведниковата уста кажува мудрост, а неговиот јазик говори право.

31. Божјиот закон му е во срцето, неговите чекори не се колебаат.

32. Грешникот го демне праведникот и бара да го убие;

Псалми 37