17. Зашто рацете на злотворот ќе се скршат, а Господ е поткрепа на праведникот.
18. Господ се грижи за животот на чесните, нивното наследство ќе трае довека.
19. Нема да се засрамат во време на неволја, ќе бидат сити во дните на глад.
20. А безбожниците ќе пропаднат, Господовите врагови ќе овенат како цвеќе по ливаѓето, ќе се расплинат како дим.
21. Безбожникот заема но не враќа, праведникот се сожалува и дава.
22. Оние кои Господ ќе ги благослови, ќе ја наследат земјата, а кои ќе ги проколне, ќе бидат истребени.
23. Господ ги води и зацврстува чекорите на добриот човек, и мил Му е неговиот пат.
24. И ако се сопне, нема да падне, зашто Господ го држи за рака.
25. Млад бев и остарев, но не видов напуштен праведник или неговите деца да просат леб.
26. Секогаш е милостив и дава на заем, благослов е врз неговото потомство.