1. Давидов псалм. Не се лути на злосторниците, ниту им завиди на оние што прават беззаконие.
2. Се сушат брзо како трева, венеат брзо како зелено растение.
3. Надевај се на Господа и прави добро, живеј на земјата и храни се со вистината.
4. Сета твоја радост нека биде во Господа: Тој ќе ги исполни желбите на твоето срце!
5. Предај Му ги на Господа своите патишта, надевај се на Него, и Тој ќе води сè.
6. Твојата правда ќе блесне како светлина и твојот суд како пладне.
7. Смири се пред Господа и надевај се на Него, не дразни се заради оној, кој напредува на својот пат, заради човекот кој кове подлост.
8. Стивни го својот гнев и остави ја лутината, не се дразни за да не направиш зло.
9. Зашто злосторниците ќе бидат сотрени, а кои се надеваат на Бога, ќе ја наследат земјата.