Псалми 36:6-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Твојата правда е како Божји врвови, Твоите судови како длабоко море; луѓе и животни избавуваш Ти, О Господи.

7. Колку е скапоцена Твојата милост, О Боже! Луѓето се засолнуваат под сенката на Твоите крилја.

8. Се наситуваат со мрсно во Твојот дом, Ти ги напојуваш од реката на Твоите сладости.

9. Во Тебе е изворот на животот, со Твојата светлина ние ја гледаме светлината.

10. Закрили ги со Својата милост сите, кои Те почитуваат, и со Својата праведност сите, кои имаат чисто срце.

11. Нека не ме згази ногата на гордиот и нека не ме гони раката на грешниот.

12. Таму паднаа, кои прават беззаконие, соборени се, и не ќе можат повеќе да станат.

Псалми 36