Псалми 36:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Господи, Твојата добрина е до небото, Твојата верност до облаците.

6. Твојата правда е како Божји врвови, Твоите судови како длабоко море; луѓе и животни избавуваш Ти, О Господи.

7. Колку е скапоцена Твојата милост, О Боже! Луѓето се засолнуваат под сенката на Твоите крилја.

8. Се наситуваат со мрсно во Твојот дом, Ти ги напојуваш од реката на Твоите сладости.

9. Во Тебе е изворот на животот, со Твојата светлина ние ја гледаме светлината.

Псалми 36