Псалми 36:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За пејачки началник. Од Господовиот слуга Давид. Грешна замисла е во срцето на злосторникот, нема страв од Бога пред неговите очи.

2. Самиот си ласка во своите очи, додека не му се открие неговото беззаконие и го намрази.

3. Зборовите на неговата уста се измама и злодело, тој не се грижи повеќе за разумноста и доброто.

4. Смислува беззаконие на својата постела, останува на лош пат, не го мрази злото.

Псалми 36