Псалми 33:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Од местото на Своето Живеалиште ги гледа сите жители на земјата;

15. Тој им ги создаде срцата на сите и внимава на сите нивни дела.

16. Многубројна војска не го спасува царот, голема сила не го спасува јунакот.

17. Празна е надежта за спасение на коњ, неговата јачина не избавува.

18. Ете, Господовото око е над оние кои се бојат од Него, над оние, кои се надеваат на Неговата милост:

19. дека ќе ја спаси нивната душа од смрт, и дека ќе ги храни во денови на глад.

Псалми 33