Псалми 33:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидов псалм. Радувајте се праведници во Господа! на праведните им личи да Го прославуваат.

2. Славете Го Господа со харфа, величајте Го на псалтир со десет жици!

3. Запејте Му нова песна, со гласни извици придружувајте ги складните свирки.

4. Зашто Господовото Слово е право, и сите Негови дела се вистина.

5. Тој ги љуби правдата и правосудството, полна е земјата со Господовата милост.

6. Господовото Слово ги создаде небесата, и здивот на Неговата уста: целото нивно воинство.

7. Тој ја собира морската вода како во мев, и ги става бездните во сокровиште.

8. Нека се бои целата земја пред Господа, нека се бојат од Него сите жители на вселената!

Псалми 33