Псалми 32:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. „Ќе те учам, ќе ти го покажам патот по кој треба да одиш, ќе те советувам, Моето око ќе бдее над тебе.

9. Не бидете како коњ или мазга без разум; чија дивина ја скротуваш со оглавник и узда, инаку не би се приближиле до тебе!”

10. Безбожникот го измачуваат многу неволји, а кој се надева на Господа, него милост го опкружува.

11. Веселете се во Господа и радувајте се, праведници, викајте радосно сите кои сте со право срце.

Псалми 32