Псалми 31:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. А јас, Господи, на Тебе се надевам, велам: „Ти си мој Бог!”

15. Моите денови се во Твојата рака: избави ме од раката на моите непријатели и од оние кои ме гонат.

16. Нека светне Твоето лице на Твојот слуга, спаси ме со Твојата милост.

17. Господи, да не се засрамам дека Те повикав; нека се засрамат нечесните; нека молкнат во Подземјето.

18. Нека онемат лажливите усни, што против праведникот зборуваат дрско, горделиво и презирно.

Псалми 31