Псалми 30:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Зашто Неговиот гнев трае само еден миг, а Неговата добрина - цел живот. Плачот доаѓа навечер, а радоста наутро.

6. И јас реков во својата среќа: „Никогаш нема да се поколебам!”

7. О Господи, со Својата добрина, Ти ме постави на гората на надежта, но штом ќе го скриеш Твоето лице, целиот се уплашувам.

8. Тогаш, Господи, извикав кон Тебе, и Го помолив Господа:

Псалми 30