Псалми 29:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Господовиот глас ги крши кедрите, Господ ги крши ливанските кедри.

6. И скокаат од Него: Ливан како теле, а Сирион како младо биволче!

7. Господовиот глас цепи пламени секавици,

8. Господовиот глас ја растресува пустината, Господ ја растресува пустината Кадис.

9. Господовиот глас прави кошутите да се осрнат, и ги разголува горите; и во храмот Негов секој вели: „Слава!”

10. Господ царува над водните бранови, Господ седи на престолот како Цар засекогаш!

11. Господ му дава сила на Својот народ, Господ го благословува Својот народ со мир.

Псалми 29