Псалми 27:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидов псалм (Пред помазаник). Господ ми е светлина и спасение, од кого да се плашам? Господ е штит на мојот живот, пред кого да треперам?

2. Кога ќе се доближат до мене злосторниците, моите противници и непријатели, за да ми ја изедат снагата, тие се сопнуваат и паѓаат.

3. Ако војска се крене против мене, моето срце не се бои; ако избувне и војна против мене, и тогаш сум полн со надеж.

4. За едно Му се молам на Господа, само тоа го барам: Да живеам во Господовиот дом, во текот на сите дни на мојот живот; да уживам во Господовата убавина, и да истражувам во Неговиот Храм.

5. Тој ме засолнува во Својот шатор, во зол ден; ме крие во скрилница на Својот шатор, Тој ме издига на карпа.

Псалми 27