Псалми 26:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Испитај ме, Господи, и искушај ме, испитај ми ги бубрезите и срцето.

3. Зашто Твојата милост е пред моите очи, и одам во Твојата вистина.

4. Јас не седам со нечесни луѓе и не се навраќам кај подмолните.

5. Го мразам друштвото на злосторниците и не седнувам со безбожниците.

6. Ги мијам своите раце во невиноста и го обиколувам Твојот жртвеник, Господи,

7. да ја разгласам јавно Твојата фалба и да раскажам за сите Твои прекрасни дела.

Псалми 26