Псалми 25:8-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Господ е благ и праведен: затоа ќе им покаже пат на грешниците.

9. Тој ги води кротките во правда, ги научува кротките на Својот пат.

10. Сите Господови патишта се милост и вистина, за оние кои ги чуваат Неговиот Завет и Неговите сведоштва.

11. Господи, заради Твоето име, прости ми го гревот, зашто е голем.

12. Кој е човекот, кој се бои од Господа? Него, Тој ќе го поучи кој пат да избере.

13. Неговата душа ќе живее спокојно, а неговото семе ќе ја наследи земјата.

14. Господ е близу до оние, кои се бојат од Него, и ќе им го покаже Својот Завет.

15. Моите очи се насочени секогаш кон Господа, зашто Тој ги извлекува моите нозе од мрежата.

16. Погледај ме и смилувај ми се, зашто сум осамен и натажен.

17. Тагите ма моето срце, се умножени, избави ме од моите јадови!

Псалми 25