Псалми 25:5-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Води ме во Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден.

6. Спомни си, Господи, за Твојата верност и за Твојата љубов довека.

7. Не спомнувај си за гревовите на мојата младост, за моите престапи; спомни си за мене, о Господи! според Твојата љубов и заради Твојата благост!

8. Господ е благ и праведен: затоа ќе им покаже пат на грешниците.

9. Тој ги води кротките во правда, ги научува кротките на Својот пат.

10. Сите Господови патишта се милост и вистина, за оние кои ги чуваат Неговиот Завет и Неговите сведоштва.

11. Господи, заради Твоето име, прости ми го гревот, зашто е голем.

12. Кој е човекот, кој се бои од Господа? Него, Тој ќе го поучи кој пат да избере.

13. Неговата душа ќе живее спокојно, а неговото семе ќе ја наследи земјата.

14. Господ е близу до оние, кои се бојат од Него, и ќе им го покаже Својот Завет.

15. Моите очи се насочени секогаш кон Господа, зашто Тој ги извлекува моите нозе од мрежата.

Псалми 25