Псалми 24:5-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Тој прима благослов од Господа, и правда од Бога, својот Спасител.

6. Такво е поколението на оние, што Го бараат Него, што го бараат лицето на Јакововиот Бог.

7. Поткренете ги врати своите надвратници, кренете се вечни порти, да влезе Царот на Славата!

8. Кој е тој Цар на Славата? моќниот и силниот Господ, Господ силен во бој!

9. Поткренете ги врати вашите надвратници, кренете се вечни порти, да влезе Царот на Славата!

10. Кој е тој Цар на Славата!? Господ над Воинствата - Тој е Цар на Славата!

Псалми 24