2. Зашто Тој го основа над морињата и го зацврсти над реките.
3. Кој ќе се искачи на Господовата Гора, кој ќе застане на Неговото свето место?
4. Оној, кој има чисти раце и невино срце; кој не и ја предаде својата душа на суетата и кој не се заколнува лажно.
5. Тој прима благослов од Господа, и правда од Бога, својот Спасител.
6. Такво е поколението на оние, што Го бараат Него, што го бараат лицето на Јакововиот Бог.
7. Поткренете ги врати своите надвратници, кренете се вечни порти, да влезе Царот на Славата!
8. Кој е тој Цар на Славата? моќниот и силниот Господ, Господ силен во бој!