Псалми 23:4-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Ако тргнам и низ долината на смртната сенка, нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме утешуваат.

5. Приготвуваш трпеза пред мене, пред погледот на моите непријатели. Ја помаза мојата глава со масло, мојата чаша се прелева.

6. Навистина, благоста и милоста ќе ме следат, низ сите денови на мојот живот. И јас ќе престојувам во Господовиот дом засекогаш.

Псалми 23