9. Но, Ти ме извади од утробата, Ти ме смири врз мајчините гради.
10. Тебе сум Ти оставен од моето раѓање, од мајчиното крило Ти си мој Бог.
11. Не се оддалечувај од мене, зашто е близу неволјата, а нема никој да ми помогне.
12. Ме опколија многубројни јунци, васански бикови ме опкружија.
13. Своите усти ги отворија на мене, како лав што го раскинува пленот и рика.
14. Се разлеав како вода, ми се разглобија сите коски; моето срце стана како восок, се растопи во мене.
15. Мојата сила се исуши како црепна, и мојот јазик се залепи до непцето; Ти ме фрли во смртниот прав.
16. Кучињата ме опколија; лукав народ ме опкружи. Ги прободија моите раце и моите нозе.
17. Можам да ги пребројам сите свои коски, а тие ме гледаат и ме презираат.
18. Ги поделија моите облеки меѓу себе, и жрепка фрлаа за мојата облека.
19. Но, Ти, Господи, да не се оддалечиш, о моја сило, побрзај ми на помош!
20. Избави ја мојата душа од меч, единствената моја душа - од силата на кучето.
21. Спаси ме од устата на лавот, и од биволските рогови. Ти ме послуша!
22. Ќе го проповедам Твоето име на моите браќа, ќе Те фалам среде собранието.