25. Затоа ќе Те фалам во големото собрание, ќе ги исполнам своите завети пред оние кои се плашат од Него.
26. Бедните ќе јадат и ќе се наситат, ќе го фалат Господа оние што Го бараат: вашето срце нека живее довека!
27. Ќе си спомнат и ќе се обратат кон Господа сите земни краишта; и пред Него ќе се поклонуваат сите племиња на народите.
28. Зашто Царството е Господово, Тој е владетел над народите.
29. Сите богати на земјата ќе јадат и ќе почитуваат; пред Него ќе се поклонат сите, што слегуваат во правта, а што не можат да ја запазат својата душа во живот.
30. Потомството ќе Му служи Нему. Ќе му се раскажува за Господа на идното поколение.
31. Ќе дојдат и ќе им раскажуваат за Неговата правда, на луѓето кои ќе се родат: „Господ го направи ова!”