Псалми 22:17-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Можам да ги пребројам сите свои коски, а тие ме гледаат и ме презираат.

18. Ги поделија моите облеки меѓу себе, и жрепка фрлаа за мојата облека.

19. Но, Ти, Господи, да не се оддалечиш, о моја сило, побрзај ми на помош!

20. Избави ја мојата душа од меч, единствената моја душа - од силата на кучето.

21. Спаси ме од устата на лавот, и од биволските рогови. Ти ме послуша!

22. Ќе го проповедам Твоето име на моите браќа, ќе Те фалам среде собранието.

Псалми 22