Псалми 22:10-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Тебе сум Ти оставен од моето раѓање, од мајчиното крило Ти си мој Бог.

11. Не се оддалечувај од мене, зашто е близу неволјата, а нема никој да ми помогне.

12. Ме опколија многубројни јунци, васански бикови ме опкружија.

13. Своите усти ги отворија на мене, како лав што го раскинува пленот и рика.

Псалми 22