1. За пејачки началник. Давидов псалм. Господ да те послуша во тежок ден, Името на Јакововиот Бог да те штити!
2. Да ти испрати помош од Светилиштето, и да те поткрепува од Сион!
3. Да си спомни за сите твои приноси, и да ја прими твојата паленица!
4. Да ти даде според желбата на твоето срце, и да ги исполни сите твои намери!
5. Ќе се радуваме за твоето спасение, во името на нашиот Бог ќе ги дигнеме знамињата. Господ да ги исполни сите твои молби!
6. Сега знам дека Господ го избавува Својот помазаник, го слуша од Своето свето небо, со спасителна сила на Својата десница.