Псалми 20:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За пејачки началник. Давидов псалм. Господ да те послуша во тежок ден, Името на Јакововиот Бог да те штити!

2. Да ти испрати помош од Светилиштето, и да те поткрепува од Сион!

3. Да си спомни за сите твои приноси, и да ја прими твојата паленица!

4. Да ти даде според желбата на твоето срце, и да ги исполни сите твои намери!

Псалми 20