Псалми 19:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. кое излегува како младоженец од својата ложница, се радува како јунак кога ја претрчува патеката.

6. Излегува од небесниот крај и обиколува до крајот; и ништо не се крие од неговата топлина.

7. Господовиот Закон е совршен - ја крепи душата; Господовото сведоштво е верно - му дава мудрост на неукиот;

8. Господовите повелби се праведни - го веселат срцето; Господовата заповед е светла - ги просветлува очите;

9. Стравот од Господа е чист - останува довека; Господовите судови се вистински - сите се еднакво праведни;

10. Поскапоцени се од златото, од чистото злато; Послатки се од медот, послатки од капките на медовата пита.

11. Твојот слуга е предупреден од нив, кој ги чува има голема награда.

Псалми 19