Псалми 18:8-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Од Неговите ноздри се крена дим, а од Неговата уста оган, што голта; јаглења се распалија од Него.

9. Тој ги наведна небесата и слезе, и мрак беше под Неговите нозе.

10. Седна врз херув и летна; леташе врз крилјата на ветерот.

11. Ја направи темнината Свое тајно засолниште, се покри со темните води и со густите облаци.

12. Од светкање пред Него, низ Неговите облаци удрија град и огнени јаглења.

13. Господ загрме од небото, Сèвишниот го даде Својот глас: град и огнени јаглења.

14. Ги прати своите стрели и ги распрсна, и ги расфрли секавиците;

15. тогаш се покажаа морските дна, основите на вселената се открија, од Твојата закана, Господи, од дувањето на здивот на Твојот гнев.

16. Ја испружи Својата рака од небото и ме подзеде, ме извлече од големи води.

17. Ме избави од силниот непријател, од оние што ме мразеа, зашто беа посилни од мене.

Псалми 18