Псалми 18:44-50 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

44. Штом чуја за мене, тие ме послушаа, ми се покоруваат туѓинци.

45. Туѓинците ослабеа, треперејќи излегуваат од своите тврдини.

46. Жив е Господ! Благословена да е мојата Карпа! Нека се возвиси Бог на моето спасение!

47. Бог, Кој одмаздува за мене, и ми ги покорува народите.

48. Кој ме избавува од моите непријатели! Ме издига над оние што стануваат против мене, ме спасува од насилниците.

49. Затоа ќе Те славам, Господи, среде народите и ќе му пеам на Твоето име:

50. Славно го избавуваш Твојот цар и му искажуваш милост на Твојот помазаник, на Давида и на неговото потомство довека.

Псалми 18