30. Божјиот пат е совршен; Божјото слово е испитано. Тој е штит на сите, кои се надеваат на Него.
31. Зашто кој е Бог освен Господ? кој е Карпа освен нашиот Бог?
32. Бог, кој ме препашува со сила и го прави совршен мојот пат;
33. ми даде брзи нозе како на елените и ме постави на моите височини,
34. ми ги учи рацете за бој, така што моите мишки оптегнуваат бронзен лак.
35. Ти ми го даваш штитот на Своето спасение, Твојата десница ме поддржува, а Твојата благост ме возвеличува.
36. Ти го шириш мојот чекор, под мене, така што моите нозе не се сопнуваат.
37. Ги гонев своите непријатели и ги стигнав и не се вратив додека не ги истребив.
38. Ги поразувам и не можат да се кренат, паднаа под моите нозе.
39. Зашто Ти ме препаша со сила за бој; ги отстрани пред мене, оние што стануваат против мене.
40. Ти направи моите непријатели да ми го вртат грбот, за да ги истребам оние што ме мразат.
41. Тие викаат, но нема избавител, кон Господа, но Тој не ги слуша.
42. Тогаш ги ситнев како прав пред ветерот, ги газев како кал по улиците.
43. Ти ме избави од народната буна, ме постави главатар на народите; ми служи народ што не го познавав.
44. Штом чуја за мене, тие ме послушаа, ми се покоруваат туѓинци.
45. Туѓинците ослабеа, треперејќи излегуваат од своите тврдини.