1. На пејачкиот началник. Од Господовиот слуга Давид, кој му ја испеа оваа песна, кога Господ го избави од рацете на сите негови непријатели и од рацете на Саула. Тој рече: Те љубам, Господи, тврдино моја!
2. Господи, карпо моја, крепост моја, спасение мое; Боже мој, карпо моја, во Кого барам прибежиште, штит мој, рог на моето спасение, тврдино моја!
3. Ќе Го повикам Господа, Кој е предостоен за фалба и ќе бидам избавен од непријателите.
4. Брановите на смртта ме опкружија, и порои од лоши луѓе ме исплашија.
5. Јажињата на Подземјето ме изврзаа, смртоносните примки ме стегнаа:
6. Во својата неволја Го повикав Господа, и извикав кон својот Бог. Тој го чу мојот повик, од Својот храм, и моето викање стигна до Неговите уши.
7. Тогаш земјата се стресе и се растрепери, се разнишаа основите на планините, се раздвижија, зашто Тој се разгневи.
8. Од Неговите ноздри се крена дим, а од Неговата уста оган, што голта; јаглења се распалија од Него.
9. Тој ги наведна небесата и слезе, и мрак беше под Неговите нозе.