Псалми 17:8-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Пази ме како зеница на окото, засолни ме во сенката на Своите крила,

9. од злотворите што се нафрлаат врз мене. Од непријателите на мојата душа, што ме опкружуваат.

10. Го затворија своето срце и со устата зборуваат гордо.

11. Нивните чекори сега ме опкружуваат; сакаат да ме кутнат на земја.

12. Тие се како лав што сака да раскине и како лавче што дебне потајно.

13. Стани, Господи, пресретни го и кутни го, со Својот меч спаси го мојот живот од нечесниот,

Псалми 17