Псалми 16:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидова песна. Пази ме, Боже, зашто се надевам на Тебе.

2. Му реков на Господа: „Ти си мој Господ; нема блаженство без Тебе.”

3. Во светите на земјата и во избраните, во нив е сета моја радост!

4. Ќе се умножат жалостите на оние, кои следат туѓи богови; нема да ги принесам нивните крвни приливи, ниту со својата уста ќе ги земам нивните имиња.

5. Господ е дел на моето наследство и мојата чаша. Ти го запазуваш моето достоинство.

6. Мојот дел зафати пријатни места; да, добив прекрасно наследство!

7. Го благословувам Господа, Кој ме вразумува; па и ноќе моето срце ме советува.

Псалми 16