Псалми 149:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели!

6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни,

7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата;

8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови;

9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд - нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја!

Псалми 149