Псалми 148:6-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине.

7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни,

8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово!

9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови,

10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици!

11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии!

12. Момчиња и девици, старци со децата заедно.

13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото,

Псалми 148