2. Господ го гради Ерусалим, ги собира распрснатите Израелци.
3. Тој ги исцелува оние што се со скршено срце и ги преврзува нивните рани.
4. Тој го одредува бројот на ѕвездите, секоја ја наречува со нејзиното име.
5. Нашиот Бог е велик и Сèсилен, нема мерка за Неговата мудрост.
6. Господ ги поткрепува понизните, злосторниците ги понизува до земјата.
7. Пејте Му на Господа благодарна песна, свирете Му на псалтир на нашиот Бог!
8. Ги покрива небесата со облаци и и подготвува дожд на земјата; прави да расте трева по горите.
9. Тој му дава храна на добитокот, и на младите гаврани кога гракаат.
10. Тој не се грижи за коњската сила, ниту Му се мили човековите нозе.
11. На Господа Му се мили оние, кои се бојат од Него, кои се надеваат на Неговата милост.
12. Слави Го Господа Ерусалиме, фали Го Твојот Бог, Сионе!