Псалми 147:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Алилуја! Фалете Го Господа, зашто е добар, пејте Му на нашиот Бог, зашто е благ; Тој е достоен за секаква пофалба.

2. Господ го гради Ерусалим, ги собира распрснатите Израелци.

3. Тој ги исцелува оние што се со скршено срце и ги преврзува нивните рани.

4. Тој го одредува бројот на ѕвездите, секоја ја наречува со нејзиното име.

5. Нашиот Бог е велик и Сèсилен, нема мерка за Неговата мудрост.

Псалми 147