Псалми 146:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. На угнетените им враќа правда, а на гладните им дава леб. Господ ги ослободува врзаните.

8. Господ им ги отвора очите на слепите, Господ ги исправа наведнатите, Господ ги љуби праведните.

9. Господ ги заштитува туѓинците, ги поткрепува сираците и вдовиците, а на грешниците им ги метка патиштата.

10. Господ ќе царува довека, твојот Бог, Сионе, од колено до колено. Алилуја!

Псалми 146