Псалми 145:15-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Очите на сите се свртени кон Тебе, Ти им даваш храна во право време.

16. Ти ја отвораш Твојата рака, и наситуваш желбата на сè живо.

17. Праведен Си, Господи, на сите Твои патишта, и добар Си во сите Твои дела.

18. Господ е близу до сите кои Го повикуваат, до сите што Го призиваат искрено.

19. Тој ги исполнува желбите на оние кои се бојат од Него, ги слуша нивните повици и ги спасува.

20. Господ ги пази оние, кои Го љубат, а ќе ги сотре сите злосторници.

Псалми 145