1. Давидова благодарност. Ќе Те прославувам о Боже, мој Царе, ќе го благословувам Твоето име секогаш и довека.
2. Ќе Те славам секој ден, ќе Го фалам Твоето име секогаш и довека.
3. Господ е велик и достоен за секоја пофалба, Неговата величина е недостижна!
4. Од поколение во поколение се фалат Твоите дела и се навестуват Твоите силни дела.
5. Ќе зборувам за блескавата слава на Твоето величие, и за Твоите чуда.
6. Кажуваат за страотната сила на Твоите дела, јас ќе ја раскажувам Твојата величина.
7. Го разгласуваат споменот за Твојата голема благост, и ја опеваат Твојата правда.
8. Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив.