Псалми 145:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидова благодарност. Ќе Те прославувам о Боже, мој Царе, ќе го благословувам Твоето име секогаш и довека.

2. Ќе Те славам секој ден, ќе Го фалам Твоето име секогаш и довека.

3. Господ е велик и достоен за секоја пофалба, Неговата величина е недостижна!

4. Од поколение во поколение се фалат Твоите дела и се навестуват Твоите силни дела.

5. Ќе зборувам за блескавата слава на Твоето величие, и за Твоите чуда.

6. Кажуваат за страотната сила на Твоите дела, јас ќе ја раскажувам Твојата величина.

7. Го разгласуваат споменот за Твојата голема благост, и ја опеваат Твојата правда.

8. Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив.

9. Господ е благ за сите, милостив за сите Свои дела.

10. Нека Те слават, Господе, сите Твои дела, и твоите свети нека Те благословуваат!

Псалми 145