3. О Господи, што е човекот, за да обрнеш внимание кон него? Што е човечкото чедо, за да си спомнуваш за него?
4. Човекот е сличен на здивот, неговите денови исчезнуваат како сенка.
5. Господи, наведни ги Твоите небеса и слези, допри се до планините: и ќе се зачадат!
6. Светни со секавицата и распрсни ги, оптегни ги стрелите и збуни ги!
7. Испружи ја раката од висините, истргај ме и спаси ме од бескрајните води, од рацете на туѓите синови:
8. нивната уста зборува суета, а десницата им е десница на неправда.
9. Ќе Ти пеам, Боже, нова песна, ќе ти свирам псалтир со десет жици.