Псалми 143:5-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Си спомнувам за минатите дни, размислувам за сите Твои дела; размислувам за делата на Твоите раце.

6. Ги пружам своите раце кон Тебе, мојата душа, како сува земја, жеднее по Тебе.

7. Послушај ме поскоро, о Господи, мојот дух изнемоштува! Не криј го Своето лице пред мене, за да не станам како оние што слегуваат во гробовите.

Псалми 143