Псалми 14:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Сите свртија заедно, сите се расипаа; нема кој да прави добро, нема ниеден.

4. Зар нема да се вразумат сите, кои беззаконуваат, кои ги голтаат Моите луѓе како да јадат леб? И не Го повикуваат Господа?

5. Таму ќе затреперат од голем страв, зашто Бог е во праведно поколение.

6. Ги засрамивте намерите на бедниот; но Господ е негово прибежиште.

7. О, нека дојде од Сион, спасението на Израел! Кога Господ ќе ги врати заробениците од Својот народ, тогаш ќе се зарадува Јаков и ќе се развесели Израел.

Псалми 14