3. Дали одам или лежам, Ти гледаш сè, познати ти се сите мои патишта.
4. Додека мојот збор уште не дошол до јазикот, а Ти, Господи, веќе сè знаеш.
5. Ти ме опфаќаш од плеќите и од лицето, Твојата рака ја стави врз мене.
6. Тоа знаење премногу е чудно за мене, превисоко е, за да можам да го стигнам.
7. Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице?
8. Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето: и таму си.
9. Ако ги земам крилата на зората и се населам на крајот на морето,
10. и таму, Твојата рака ќе ме води, Твојата десница ќе ме држи.