Псалми 137:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Нека ми се залепи јазикот за непцето, ако твојот спомен го превидам кога и да е, ако не го возвишам Ерусалим над секоја моја радост!

7. Не заборави им, Господи, на Едомовите синови, како во Ерусалимов ден, тие викаа: „Рушете! Разурнете го до темели!”

8. Вавилонска ќерко, што ќе бидеш запустена, блажен е оној, кој ќе ти врати: За сè што ни си сторила.

9. Блажен е оној, кој ќе ги грабне и ќе ги разбие на камен твоите младенци!

Псалми 137