Псалми 137:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На бреговите на вавилонските реки седевме и плачевме, спомнувајќи си за Сион;

2. на врбите наоколу ги обесивме нашите псалтири.

3. И тогаш нашите поробувачи побараа од нас да пееме, нашите поробувачи побараа да се веселиме: „Испејте ни една од сионските песни!”

4. Како да ја пееме Господовата песна во туѓа земја!

Псалми 137