Псалми 132:4-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. ниту ќе им дадам сон на очите, ниту одмор на моите клепки,

5. додека не Му најдам место на Господа, живеалиште на Силниот Јаковов.”

6. Ете, чувме за Него во Ефрат, го најдовме во Јарските Полиња.

7. Да влеземе во Неговото живеалиште, да се поклониме пред Неговите нозе!

8. Стани, о Господи, тргни кон Своето почивалиште, Ти и ковчегот на Твојата Сила!

9. Твоите свештеници нека се облечат во праведност, Твоите свети нека воскликнуваат радосно!

Псалми 132