Псалми 130:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Но во Тебе е проштавањето, за да се бојат од Тебе.

5. Јас се надевам во Господа, мојата душа се надева на Неговото слово.

6. Мојата душа го чека Господа, повеќе отколку ноќната стража - зората. Повеќе отколку ноќната стража - зората.

7. Израел нека го чека Господа зашто милоста е во Господа и изобилно е во Него искупувањето;

8. Тој ќе го избави Израел од сите негови беззаконија.

Псалми 130