Псалми 130:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Песна на воздигање. Од длабочините Господи, викам кон Тебе.

2. Господи, чуј го мојот глас! Нека внимава Твоето уво на гласот на моето молење!

3. Ако си спомнуваш, Господи, за гревот, Господи, кој ќе опстане?

4. Но во Тебе е проштавањето, за да се бојат од Тебе.

Псалми 130