Псалми 126:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Песна на воздигање. Кога Господ ги враќаше сионските заробеници, ни беше како да сонуваме.

2. Устата ни беше полна со смеење, а јазикот со пеење. Тогаш меѓу народите се зборуваше: „Господ направи големи дела за нив!”

3. Господ ни направи големи дела: пак сме радосни!

Псалми 126